Владата вечерва соопшти дека е донесена одлука да го продаде мерцедесот бенз C600 којшто беше набавен во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Продажбата ќе се изврши преку електронскиот систем за јавно наддавање, а почетната проценета вредност на автомобилот, согласно проценката на  Бирото за судски вештачења, изнесува 230.000 евра.

Јавното наддавање ќе се изврши електронски на интернет страницата www.е-aukcii.finance.gov.mk.

Shpërndaj me