Владата на Македонија ги прекина сите несуштински проекти на ЕЛЕМ. Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски рече дека ЕЛЕМ мора да ги разгледа сите договори за тие да не предизвикаат финансиски импликации врз буџетот.

Но, со одлуката не објаснува што ќе се случи со проектот за шестоседната жичница на Попова Шапка кој е во тек на реализација. Одлуката ги загрижи и бизнисмените на Попова Шапка, кои направиле серија инвестиции за да се подготват за туристичката сезона.

“Ние не знаеме колку проекти има таму ЕЛЕМ, но проектот за ски лифтот во Попова Шапка е платен, а не е завршен. Ја користам можноста да апелирам, ако тие не можат, можеме ние да помогнеме.“ – вели Хашим Хасан-Бизнисмен

На одлуката на Владата реагираа и од Здружението “Иницијатива” за спас на Попова Шапка. Хамди Сулејмани, бара со оваа одлука на Владата да не се допре изградбата на жичницата на Попова Шапка.

“Се надеваме дека ќе ја објаснат одлуката на Владата, жичарата која веќе е започната и не е дел од трошоците на 2018 година, се надеваме дека ќе се направи. Но негативно е тоа што со една жичница која три години се влече, овој центар не може да биде функционален.” – изјави Хамди Сулејмани-Иницијатива за спас на Попова Шапка

Башким Сулејмани

Shpërndaj me