Првата панда родена на територијата на Франција викендов првпат можеа да ја видат посетителите на зоолошката градина во францускиот град Бувал.

Малата панда, која го доби името Јуан Менг што на кинески јазик значи „исполнување на соништата“, се роди пред пет месеци во зоолошката градина во Бувал.

„Кума“ на пандата беше сопругата на францускиот претседател Емануел Макрон, Брижит.

Родителите на Јаун Менг пристигнаа во Бувал во 2012 година, како позајмица од Кина во рамки на програмата за репродукција.

По неколкуте неуспешни обиди за репродукиција, Јуан Менг беше зачната со вештачко оплодување.

Shpërndaj me