Со специјални и намалени цени на производите и големо готварско шоу во живо со познати лица, компанијата „Веро“ го одбележа 20 годишниот јубилеј од работењето во земјава. Прославата менаџментот им ја посвети на своите лојални потрошувачи што, според нив, се заслужни за успешноста на нивното работење во сите изминати години. Брендот „Веро“ првиот супермаркет го отвори во скопската населба Аеродром, а до денеска има 12. Од нив седум се во Скопје и по два во Битола и во Тетово.

Shpërndaj me