Вербалниот конфликт меѓу двајцата кандидати за градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски и Петре Шилегов, се случи откако Шилегов го обвини актуелниот градоначалник дека не се посветил доволно на подобрувањето на квалитетот на животната средина за време на минатите мандати.

На ова реагираше Трајановски, по што дојде до заострување на тоновите.

Иако беа повикани за да го потпишат барањето на граѓанската иницијатива „Коалиција O2”, за почиста животна средина, кандидатите ја искористија можноста да истераат кампања преку меѓусебни обвинувања и реплики. Во барањата на граѓанската иницијатива упатена до кандидатите за градоначалник на Скопје има 32 точки, меѓу кои беа и забраната за прскање на улиците со ацетат магнезиум, чистење на реката Вардар, поголем општински буџет за екологијата, средување на пешачките патеки, итн. Останатите кандидати ја поздравија оваа иницијатива, а на настанот не се појавија кандидатот на ДПА Беким Фазлиу и на Алијансата за Албанците, Наим Бајрами.

Бесиан Лека

Shpërndaj me