Новото фудбалско првенство официјално ќе започне во сабота. Елитните тимови ги завршија подготовките и сега се подготвени за нови предизвици. Челниците на Фудбалската федерација заедно со претставниците на клубовите ветуваат подобро првенството. Новата сезона ќе започне со супер дербито меѓу Вардар – Шкендија. Двата тима ова лето покажаа добри резултати во Европа. Во сенка на ова дерби, во недела, ќе се играат уште четири натпревари од првото коло од сезоната 2017/18. Главниот град ќе биде во центарот на вниманието, бидејќи ќе се одиграат две многу интересни натпревари. Шкупи ќе се соочи со дебитантот во елитата, Академија Пандев, додека Работнички ќе се сретне со Ренова. Во недела ќе се одигра и пелагониското дерби меѓу Победа и Пелистер.

Сабота:

Шкендија-Вардар

Недела:

Шкупи– Академија Пандев

Победа – Пелистер

Работнички – Ренова

Силекс-Скопје

Shpërndaj me