Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски не дозволил Советот за утврдување одговорност кај судија да направи увид во предметите на Специјалното обвинителство, “Тврдина“, „Таргет“. Од ова тело се пожалија дека иако денеска во 11 часот дошле во судот, судската полиција не им доволила да влезат со објаснување дека забраната дошла директно од Вангеловски. Шефот на највисокиот суд барал објаснување, зошто се бара увид во списите на предметот, па дури потоа ќе одлучел дали ќе го дозволел тоа или не. Советот најави кривична пријава за Вангеловски бидејќи им оневозможил да испитаат евентуална одговорност кај судиите кои постапувале во предметот.

Shpërndaj me