Претседателот на Врховен, Јово Вангеловски и претседателот на Судкиот совет, Зоран Караџовски се во инспекција во гевгелискот суд. Посетата следува откако овој суд даде наредба СЈО да го претресе домот на екс шефот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски. Ниту Вангеловски, ниту Караџовски не одговараат на телефонските повици. Двјацата треба да утврдат дали судот во Гевгелија донел исправна одлука што одобрил претрес на домот на Панчевски, дилема која токму тој ја постави во јавноста, а и поднесе претставка до Судскиот совет. Инаку, Вангеловски досега, со правни преседани имаше неколку спасувачки мисии. Успеа, иако беше во бегство повеќе од два месеци, од притвор да го спаси Сеад Кочан. Исто така, поради правни преседани овозможени од Врховниот суд, успешно побегна двоецот на тајната полиција Горан Грујевски и Никола Бошковски, кои се клучот за откривање кој прислушуваше во земјава.

И додека се утврдува дали Панчевски ќе биде спасен од кривична одговорност, Комисијата од министерството за правда, има откриено сериозни злоупотреби на АКМИС системот за електронска распределба на судски предмети. Алсат М уште вчера објави дека анализата покажала дека предмети се делеле на рака, а постоел и паралелен систем. Освен во Кривичен, неофицијално ќе се проверува и Апелациски и Врховниот суд.

Меѓу другото, Комисијата сакала да го провери и Судскиот совет кој има пристап до АКМИС системот. Но, сепак поради ограничени ингеренции, ова не е можно. Според информациите на Аласат М, во Советот секој од членовите бил задолжен да ја контролира работата на некој од судовите. Контролата во Кривичен и била доверена на екс шефицата на Советот, Александра Зафировска. Токму таа беше дел од бомбите на СДСМ. Во еден од разговорите го бара тогашниот премиер Никола Груевски за да го извести дека ќе распише оглас за судии.

„АЗ:Ало? ЛС:Ало, добар ден. АЗ:Добар ден. ЛС:Александра, Ленче е. Сте ме барале, ми кажаа колешките. АЗ:Да моменат само. (Значи, почекајте ме надвор, сега ќе ве викнам) Вака…ЛС:Е, да. АЗ:Се договоривме на минатиот состанок, да го известам Премиерот, кога ќе…ова…распишам оглас, значи, пред да распишам оглас за судии. ЛС:Добро. АЗ:Значи, да го известите дека ќе распишам оглас за двајца судии на Апелација Скопје…ЛС:Добро. АЗ:За претседател на Основен суд Скопје I, и за претседател на Основен суд Кратово.“ – извадок од прислушуван разговор

Паралелно со недостатоците кои ги забележа Комисијата на министерството за правда, предистражна постапка за злоупотреби на АКМИС системот отвори и СЈО. Катица Јанева соопшти дека судијата Владимир Панчевски од позиција на шеф на судот, местел предмети. Му извршија личен претрес и претрес на неговиот дом. Му одземаа два мобилни телефони. Претресот бил поврзан со истрагата за бизнисменот Љупчо Палески. Владимир Панчевски обвини дека наредбата за претрес издадена од гевгелискот суд била спротивна на прописите.

Бојан Стојановски

Shpërndaj me