На Западниот Балкан треба да му се даде јасна европска перспектива, со цел да не се повторат настаните од 90 – те. Ова е пораката на претседателот на Европската Комисија, Жан – Клод Јункер кон бугарскиот премиер Бојко Борисов, при официјалното започнување на бугарското претседавање со Советот на ЕУ. Сепак, Јункер рече дека ниту една земја од Западен Балкан нема да може да се зачлени во ЕУ до крајот на 2018 година, бидејќи не ги исполнуваат условите.

„Јас не мислам дека преговорите за Брегзит може да имаат влијание врз зачленувањето на земјите од Западен Балкан во Европската Унија. Сега јасно, мислам дека никој не може да влезе во ЕУ, до крајот на мандатот на оваа Комисија, бидејќи условите за членство не се целосно исполнети. Го повторувам она што сум го кажал, дека тоа ќе зависи од мандатот на следната Комисија од ноември 2019 до ноември 2024 година, за да ги натераат земјите –членки и јавното мислење во таа насока.“ – изјави Жан-Клод Јункер, претседател на Европската комисија

Инаку, Борисов рече дека европската перспектива за регионот е јасна и тоа што треба да се направи е ЕУ да изгради инфраструктура во регионот, бидејќи истото ќе биде во корист на сите во Унијата.

„Мое длабоко убедување е дека ние сега нудиме перспектива за Западен Балкан. Посигурно за ЕУ е да се изгради на Балканот инфраструктура, магистрали, пречистителни станици, европските коридори број 4, 8 и број 10, за да се поврзат едни со други. Мислам дека не само што не постои ризик за ЕУ, туку напротив, ќе се зголеми конкуренцијата, ќе се зголемуваат инвестициите, туризмот, ќе се приближат културите и народите во Унијата.“ – посочи Бојко Борисов, премиер на Бугарија

Бугарија ќе биде на чело на ЕУ во следните шест месеци. За време на овој период се очекува да се одржи важен самит меѓу лидерите на земјите членки на ЕУ и оние на земјите од Западен Балкан. Инаку, самиот Борисов неколку пати рече дека ќе направи се за да го приближи регионот со ЕУ.

Анеса Салиу

Shpërndaj me