Судиката ги одби сите предлози на одбраната на Никола Груевски да се отфрли вештачењето кое го нарачало СЈО како и прислушуваните разговори преку кои се дозна за нарачката за луксузниот мерцедес од над половина милион евра.

На инсистирање на адвокатите на обвинетите утрешното рочиште за истиов предмет е одложено поради набиената агенда на обвинетиот Никола Груевски кој неделава за три различни случаи пет дена требаше да се појавува во судница.

Во случајот Тенк, за набавката на луксузниот мерцедес освен Груевски обвинети се и поранешната министрка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска како и Ѓоко Поповски поранешен помошник министер.

Shpërndaj me