Се уште не е јасно дали минатонеделниот пад на светските берзи е само краткотрајна паника на инвеститорите или почеток на нова глобална економска криза. Гувернерот на Народната банка на Македонија, Димитар Богов вели дека засега светската економија ќе расте, но дека ако има турбуленции, македонската економија е добро подготвена.

Сепак, македонската економија треба да биде внимателна, треба да биде добро подготвена, а во изминатиот период и ние преземавме низа мерки со кои го зајакнавме банкарскиот сектор. Владините финансии веќе имаме последните години намалување на буџетскиот дефицит. Верувам дека наредниот период ќе дојде и до стабилизирање на јавниот долг“, изјави Димитар Богов, Гувернер на НБРМ

Иако се очекува централните банки во САД и во ЕУ во наредниот период да ги зголемат референтните каматни стапки, Богов вели дека Народната банка за сега нема да ја менува оваа стапка. Референтната камата е основа врз која се утврдува висината на сите камати во банките, како за граѓаните така и за компаниите. Гувернерот не ја исклучи можноста таа и да се намали.

Сè зависи како ќе се одвиваат прашањата околу оние неекономски ризици, фискалната политика, платниот биланс и случувањата на девизниот пазар и поврзано со каматната стапка и политиката на Европската централна банка, може да доведат во ситуација да имаме движење и во таа насока“, вели Богов

Според Богов, издавањето на еврообврзницата од половина милијарда евра во јануари е позитивно за македонската економија, поради условите со кои беше остварена оваа позајмица.

Мирко Трајановски

Shpërndaj me