Американската актерка Блејк Лајвли ја откри својата необична техника за слабеење која и помогнала да остане мотивирана.

Триесетгодишната актерка во октомври 2016 ја роди својата ќерка Инес, а набрзо потоа започна да ги полни насловните страници и да ги освојува сите со својот совршен изглед.

Сепак, сопругата на Рајан Рејнолдс не била задоволна со облините кои ги добила по бременоста, па се посветила на интензивни тренинзи.

Лајвли вели дека мотивацијата да ослабе цели 28 килограми ја пронашла на инстаграм.

“Изгледа можеш да ослабеш 28 килограми скролајќи на инстаграм, прашувајќи се зошто не изгледаш како сите тие бикини модели. Ми требаа 14 месеци, но многу сум горда на себе” – вели Блејк Лајвли

Таа неодамна на инстаграм се пофали со затегнатите стомачни и тонирани мускули.

Shpërndaj me