СЈО ќе ги држи рацете подалеку од застапување на обвинителниот акт во случајот „Монструм“ се додека не се усвојат измените на Законот за заштитени сведоци. Од СЈО соопштија кратко дека има предистражна постапка, но се друго останува доверливо во корист на истрагата. За одбраната беше неочекувано истото обвинение за тероризам, но изразија оптимизам дека до следното рочиште во процесот да се вклучи и СЈО. Експертите ја коментираат потребата на вклучување на екипата на Катица Јанева во повтореното судење. Правникот Арта Биљали Зендели смета дека СЈО треба да биде вклучено во овој случај бидејќи доказите и нивните сведоци ќе ја обелоденат вистината.

„Поради тоа што се работи за процес кој повторно ќе се суди и уште постои желбата дека случајот треба да се преземе од страна на СЈО, мислам дека овие треба да бидат порешителни во својата работа, кои уживаат голема доверба во јавноста, затоа што се очекува решавање на случаите. Треба да бидат вклучени во овој случај, бидејќи сакаме да го видиме процесирано од СЈО и со ова да ја оправда довербата која ја ужива институцијава која најдобро може да се справи со критични ситуации во правниот систем во земјава“, изјави Арта Биљали Зендели, правник

Вчера започна повторното судење на случајот „Монструм“. Обвинителот Наум Пановски застана во одбрана на истото обвинение, за тероризам поставено од поранешната обвинителка Гордана Гешковска. Вчерашното рочиште се откажа поради невклучување на Сами Лута во обвинението, заедно со другите обвинети. Страните се согласија случајот да биде повторно суден во отсуство на двајцата обвинети Алил Демири и Африм Исмаиловиќ. Одбраната на повторното судење ќе го побара сомнителниот автомобил Опел Омега, чекајќи во исто време СЈО да ја обелодени вистината на единствениот заштитен сведок во овој случај. На 24 ноември минатата година, на барање на Јавното обвинителство, по сомнежите за обвинението за тероризам и можноста за нови околности кои можат да произлезат од прислушуваните разговори, Врховниот суд едногласно одлучи да го врати предметот на првостепениот суд. За петкратното убиство крај Смилковското езеро во 2012 година на доживотен затвор беа осудени шест лица: Халил Демири, Хаки Азири, Фејзи Азири, Сами Лута, Африм и Агим Исмаиловиќ. Од обвинението беше ослободен Рами Сејдии.

Адријан Керими

Shpërndaj me