Експертите сметаат дека предлог – буџетот за 2018 гидина се разликува многу од минатогодишниот буџет по однос на износот кој најмногу е насочен за социјалните категории и пензионерите. Новина, според професорот Фатмир Битиќи, претставува делот за капитални инвестиции и зголемувањето предвидено за армијата, а тоа говори за определбата на владата за интеграција на земјата во евроатланските структури. Сепак, според него, останува да се види проекцијата и распределбата на буџетот според региони или места со различно етничко население.

„Тоа што се издвојува е делот за капитални инвестиции за што можам да кажам дека не е некој симболичен износ, останува релативно добар износ, но ние секогаш сме имале проблем со спроведување на капиталните инвестиции, бидејќи речиси историски гледано во последните 15 години сме стигнале до нивото на 60% во делот на буџетот за капитални инвестиции. Може би за првпат гледаме нови сигнали, а тоа е промена на курсот на владата кон интеграцијата во НАТО и ЕУ, бидејќи во одбраната, за првпат има зголемување со што е блиску до стандардите на НАТО. Ова треба да се гледа како промена на курсот на земјата и второ, за првпат имавме добра дебата за буџетот, иако според мојот вкус, требаше да има посуштествена дебата со повеќе податоци, а не само за некои линии и одредени категории, туку да биде малку подетално. Се надеваме дека во наредните денови ќе го имаме буџетот со сите специфики и ќе видиме како е дистрибуиран буџетот по разни категории, по региони, бидејќи тоа е важно за разни интереси на различните заедници кои живеат во Македонија“. – изјави Фатмир Битиќи, економски експерт

Shpërndaj me