Тактизирањето и одолговлекувањето на политичарите за формирање на нова Влада им предизвикува големи проблеми на бизнисмените. Тие велат дека поради оваа состојба цехот кој ќе го плати стопанството ќе биде висок. Велат дека е време итно да се формира нова Влада, а нејзнин приоритет треба да биде исплата сите долгови кои ги имаат акумулирано Владата, Јавните претпријатија и општините.

„Тоа значи една голема позамица од преку една милјарда во Република Македонија која ќе овозможи во буквална смисла на зборот стопанството да профункционира“, рече Горан Рафајловски – стопанственик.

А, освен ликвидноста, во прашање е доведен и развојот на домашните претпријатија.

„Развојната политика, добивањето на дозволи за проширување на концесии и така натаму не функционира бидејќи имаме застој во функционирање на владата“, изјави Николајчо Николов – Бинисмен.

Бизнис-секторот смета дека да не била кризата, тогаш домашната економија ќе можеше да генерира поголем Бруто домашен производ, како и зголемен извоз на стоки и услуги. Првиот човек на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, вели дека досега власта никогаш не ги слушала пред да донесе нови Закони што пак лошо влијаело на бизнис заедницата.

„Наместо да има проблеми при имплеменатција на законите да ги вклучи бизнис заедницата во концепирање на тие закони и сите проблеми ќе бидат решени“, рече Бранко Азески – претседател на Стопанската комора.

Но, овие денешни пораки на бизнис-заедницата немаше кој да ја слушне бидејќи на манифестацијата за 95 години од формирањето на Стопанската комора на Македонија немаше ниту еден претставник од Владата. Но, затоа имаше високи поранешни и сегашни функционери и бизнисмени од целиот регион како поранешниот претседател на Хрватска Стипе Месиќ и долгогодишниот премиер на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.

Верица Павлоска

Shpërndaj me