Барселона ги доби парите од чекот на Пари Сен Жермен за трансфер на Нејмар, кој беше во износ од 222 милиони евра. Каталонците веднаш откако ги добиле финансиските средства ја испратиле потребната документација, која ќе им овозможи на Пари Сен Жермен да го пријави 25- годишниот фудбалер за претстојното гостување кај Гинган од вториот круг на Лигата 1. ПСЖ го претстави Нејмар уште минатата недела, но поради забавувањето на сертификација на чекот од страна на банката, Бразилецот го пропушти првиот натпревар од новата сезона против Амиен.

ПСЖ гостува на Гинган во недела од 21 часот на „Стад ду Рудуру“.

Shpërndaj me