Изненадување во финалната трка на 200 метри на Светското атлетско првенство во Лондон. Турскиот атлетичар Рамил Гулиев во отсуство на светскиот рекордер Усeин Болт, го освои златниот медал. Турчинот победи со време од 20 секунди и девет стотинки. Во дисциплината трискок, светски шампион стана американецот Џонатан Тејлор. Тој со скок 17,68 метри ја одбрани титулата. Во трката на 400 метри со пречки во женска конкуренција, светски шампион стана Кори Картер, која триумфираше со време од 53,7 секунди. Во оваа дисциплина, се натпреваруваше и скопјанката Дрита Ислами, но таа не успеа да се квалификува.

Shpërndaj me