Астероид, кој астрономите прв пат по пет години го воочиле со помош на ЕСО телескопот во Чиле, на 12 октомри ќе мине близу Земјата и ќе ја „утне“ за само 44 илјади километри.

Астероидот 2012 ТЦ4 има димензии меѓу 15 и 30 метри, а неговиот близок премин покрај Земјата ќе биде голема можност астрономите да дознаат повеќе за него, наведува Европската вселенска агенција.

– Малиот астероид, кој прелетува покрај Земјата на 12 октомри ќе им пружи на научниците скапоцена можност да научат нешто повеќе за неговата орбита и состав, се наведува во соопштението.

Тој на Земјата ќе и се приближи на оддалеченост, која е околу девет пати поблиску од Месечината.

Shpërndaj me