„Овие 12 ученици од село Бањица, Општина Чашка во Велес, ја немаат среќата да ги учат 36 букви од азбуката на албански јазик. Тоа е поради фактот што нивното право да се образуваат на мајчин јазик не им е негирано. Тие се принудени да патуваат до централното училиште во Чашка и наставата да ја продолжат на македонски јазик“.

„Што е ова на фотографијата? Молив. Ова што е? Цвеќе…

„Во кое одделение си Албин? Прво… Во училиште како ги учите бројките? Три, четири, пет, шест, седум… Дали ти е тешко да учиш математика на македонски? Да. Дали ја разбираш наставничката кога зборува, кога кажува како се решаваат задачи? Не.

„Како го учите на училиште ова? Дрво. Ова што е? Забе, заби. А ова другото? Коцка.
Уште пред да научат да речат мама и тато на нивниот мајчин јазик, тие се принудени да го учат македонскиот јазик, историја и култура. Децата Албанци наставата ја следат во Чашка, во основното училиште „Тодор Јанев“, каде бројот на ученици Албанци во ова училиште е околу 30.

„Која книга е ова? Македонски јазик за шесто одделение. Дали знаеш да пишуваш или да читаш? Не знам. Што си научила од азбуката на албански јазик? А.Б“.

„Кои букви ги знаеш на албански јазик? Ниедна? Дали знаеш некоја стихотворба на албански? Не. А македонски дали знаеш стихотворби ? Да… (рецитира стихотворба) дали си видела азбука на албанскиот јазик? Не. И јас сакам како и моите другарки да учам на албански јазик”.

Жителите на Бањица се вознемирени за судбината на нивните деца. Тие бараат од надлежните институции да најдат решение за овој проблем.

„Бараме во ова село да се изгради училиште на албански јазик, не дека сме против некого… нашите ученици, нашите генерации, после нас е проблем да останат во оваа состојба. Бараме да се изгради училиштето и да се продолжи на албански јазик. Јас како 70 годишник не ги разбирам сите зборови, а не пак мојот внук, ме прашува мене, го прашува неговиот татко, неговиот чичко, не можам да го разбере и да сака. Нашиот проблем е тежок со нашата настава тука, треба да ги продолжиме барањата за да се направи нешто за овие наши ученици, ние сме завршиле, ама да не завршат и тие како нас“. – вели жител на Бањица
Некои од жителите ги разбираат и последиците кои можат да дојдат како резултат на образованието на друг јазик.

„Тие што почнуваат од прво одделение, на шест годишна возраст, тој не го разбира ни мајчиниот, а не пак македонскиот или рускиот јазик… ова е тешко како за детето, семејството и за нивната иднина. Има многу последици, не може да ги броиме ова или тоа, дружењето, јазикот, можат и бракови да се склопуваат со колегите кои ги имаат по училници затоа што тој ја добива таа традиција, таа култура и така продолжува.“ – објаснува друг жител на Бањица

 

Училиштето кои некогаш постоеше во село Бањица беше затворено пред 35 години. И во тоа време децата Албанци од ова село учеле на македонски јазик. Инаку, во село Бањица живее мешано македонско – албанско население и според тамошните жители, селото претставува пример за меѓуетнички соживот.

Мелиахте Рустеми

Shpërndaj me