ВМРО бараше итно толкување на изборниот законик од Антикорупциска во вторникот. Денеска е сабота.

„Одговорот се уште не е добиен. “ – рече Ане Лашкоска- ВМРО-ДПМНЕ

Тоа е се што опозицијата имаше денеска да каже за нивната потрага по одговорот на прашањето од кое зависи нивната теза дека разрешувањето на Марко Зврлевски е незаконска. Според неофицијалните информации антикорупционерите се на одмор. Па, колку подолго трае нивната пауза, толку повеќе се развлекува процедурата во Собранието. Повторно неофицијално, членовите на Антикорупциска се враќаат на работа од понеделник. Но, до овој момент барем за АЛСАТ М институцијата останува затворена за официјален одговор.

Причината за упорноста на ВМРО-ДПМНЕ за одговор од Антикорупциска се должи на една алинеја од членот 8а, кој меѓу другото забранува откако ќе се распишат избори:

„Да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во итни и неодложни работи“ – гласи членот 8а

Читањето на ВМРО-ДПМНЕ, според Ане Лашкоска е:

„Законот … вели дека институциите не смеат да именуваат и разрешуваат функционери“

За дел од поранешните членови на комисијата, одредбата значи дека се забранети вработувања во администрацијата а не процедури за избор, именувања и разрешувања. А и претседателот на Собранието Талат Џафери е против логиката Антикорупциска да толкува закони од што ќе зависи како треба да постапи институцијата која ги носи законите. И покрај обидите не ни е познато личното мислење на првиот антикорупционер Игор Тантуровски, кој патем во 2012-тата беше на списокот донатори на ВМРО-ДПМНЕ со 60 илјади денари.

Алсат М

Shpërndaj me