Давањето позитивни сигнали за решавање на долготрајните проблеми како на пример мистериозните судски случаи и тоа токму во пресрет на локалните избори, според аналитичарите, е дел од изборната кампања и не е вистински чекор кон нивно решавање. Во последно време, случајот Монструм доби друга насока кога обвинителот побара повторување на постапката, а ова значи и надеж за обвинетите. Исто така, постојат гласини за можен договор меѓу Владата и комбинатот “Југохром” кој беше затворен поради тоа што неколку пати ги проби роковите за поставување филтри, додека вработените бараат негово повторно ставање во функција. Пред неколку недели десетици затвореници беа пуштени за викенди и има иницијативи и за амнестија за осудените за одредени дела. Според аналитичарот Агим Јонуз, овие случувања се обид да се убедат гласачите дека партиите ги одржуваат своите ветувања, благодарение на кои дојдоа на власт.

И според аналитичарот Џелал Незири, можното решение на овие проблеми се става во функција на обезбедување на гласови за партиите од владејачката коалиција.

“Факт е дека секое ветување дадено во предизборната кампања и секој проект кој е промовиран во кампањата, предизвикува сомневање во јавноста, за тоа дали станува збор за обид да се манипулира јавното мислење и да се добијат повеќе гласови. Мислам дека токму промовирањето на решавање на овие чувствителни прашања, покренува сомнежи кај јавноста дека овие проекти се однесуваат или се ставаат во функција на собирање на повеќе гласови за партиите кои ја сочинуваат власта.” – изјави Џелал Незири, аналитичар

Досегашните власти секогаш практикуваа методите за привлекување гласови со популистички мерки за да добијат политички поени во текот на изборните кампањи. Не секогаш овие мерки имаа позитивен исход за граѓаните, дури и по завршувањето на изборниот процес.

Фатлуме Дервиши

Shpërndaj me