Собранието на Албанија се очекува да свика вонредна седница в понеделник за да се изгласаат Комисиите за ветинг-процесот и измените во владата. Врз основа на договорот што го постигнаа премиерот Еди Рама и лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, изборите ќе се одржат на 25 јуни, а опозицијата ќе влезе во владата. Ќе добие еден вицепремиер и шест министерства каде ќе седнат технички министри. Постигнувањето на договорот го поздрави и Европската комисија. Комесарите Федерика Могерини и Јоханес Хан изјавија дека очекуваат негово целосно спроведување за изборите да се организираат според меѓународните стандарди.

Shpërndaj me