Преговорите меѓу албанскиот премиер Еди Рама и лидерот на опозицијата Лулзим Баша завршија со договор. Се одложува датумот на изборите од 18 јуни на 25 јуни, а опозицијата добива вицепремиер, како шест технички министри. Исто така, претседателот на Централната изборна комисија и народниот правобранител ќе бидат предложени од опозицијата.

 Опозицијата во Владата:

– технички вицепремиер

– технички министер за внатрешни работи

– технички министер за образование

– технички министер за здравство

– технички министер за социјална благосостојба и младина

– технички министер за финансии

– технички министер за правда

– директор на ОДЕЕ

– генерален директор на АЛУИНЗГ

– генерален директор на хипотеките

– генерален директор на затворите

– генерален директор на Агенцијата за земјоделски и рурален развој

По постигнатиот договор, Претседателот на Републиката ќе треба да потпише указ за избори на 25 јуни, а до 26 мај ќе се изврши регистрација на политичките партии од опозицијата во Централната изборна комисија. Покрај измените во Владата, Парламентот ќе ги донесе и органите на Ветингот, изгласувањето на указите за новите членови на Советот на министри, измени во Кривичниот законик, ограничувањето на изборните трошоци и слично. Договорот наречен „Платформа Мекалистер Плус“ го понуди заменик-помошникот на американскиот државен секретар Хојт Брајан Ји вчера за време на неговата посета на Тирана во обид да овозможи вклучување на опозициските партии во изборниот процес.

“Имаме договор заснован врз пакетот „Мекалистер плус“ предложен од САД. Договорот ќе биде детализиран следните 24 часа и потоа ќе имаме јавно соопштение за сите детали од договорот.” – изјави Љуљзим Баша, претседател на ДП

“Што се однесува до мене дозволете ми да бидам 100% согласен со претседателот на опозицијата.” – изјави Еди Рама, премиер на Албанија

Вјолца Алити

Shpërndaj me