На вториот ден од средбата на Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, ЕУ-Албанија, кој се одржува во Тирана, европратеникот Едуард Кукан ја поздрави заедничката воља на политичките актери за отворање на преговорите на Албанија со ЕУ. Кукан изрази оптимизам дека Европската комисија ќе препорача отворање на преговорите, но потсети дека финалната одлука ја имаат челниците на земјите членки.

Имаме јасно мислење во однос на ситуацијата во земјата. Позитивно е тоа што има очекувано единство за отворањето на преговорите. Сето ова е многу охрабрувачко за земјата. Сите се ентузијасти за процесот за проширување и ова бара голема работа од Ваша страна. Надежта треба да се преведе во конкретни дела, бидејќи вие го заслужувате тоа и иако е со задоцнување, овие преговори треба да започнат. Советот е тој што одлучува, бидејќи е тој што донесува одлуки“, изјави Едуард Кукан, европратеник

Shpërndaj me