На последната дебата во албанскиот Парламент пред гласањето на новата влада, премиерот Еди Рама побара од лидерот на опозицијата Љуљзим Баша да соработуваат за некои прашања, како интеграцијата во Европската унија. Но, Баша го одби повикот и обвини дека договорот од 18 мај со Рама не функционира, затоа што, според него, во Собранието има пратеници замешани во криминал. Исто така, истакна дека борбата против дрогата е услов за преговори со ЕУ.

Сметам дека е потребно да повторам дека јас сум подготвен, ние сме подготвени веднаш да отвориме дијалог за прашањата од заеднички интерес, за доброто на граѓаните на Албанија и на нашите деца. Колку и зошто треба да чекаме, чесен претседателе на Демократската партија, за да ги решиме овие прашања заедно, преку институционализиран дијалог со соодветни тимови. Вие имате неколку приоритетни теми, ние имаме неколку приоритетни теми. Албанија има приоритет – членство во Европската унија и се што е поврзано со тоа.“ – изјави Еди Рама, премиер на Албанија

Во 2013 година дојде со криминал и тоа ја дегенерираше државата. Некои избегаа од декриминализација, но имаш и други тука кои излажаа во Анкетниот лист за имотна состојба. Криминалот и дрогата се нови услови. Дрогата е дополнителен услов за почеток на преговори за членство. Дузина социјалистички општини се раководени од страна на луѓе со криминални досиеја. Мојот договор со тебе не функционира. Не на сојузот со криминалот, само конфронтација. Бројте ги наназад секундите од владењето.“ – порача Љуљзим Баша, претседател на ДП

Shpërndaj me