Албанците, Ермал Мета и Фабрицио Мора, ќе бидат претставниците на Италија во најголемиот музички европски настан „Евросонг“, кој годинава се одржува во престолнината на Португалија, Лисабон. Двајцата пејачи победија на Сан Ремо со песната „Нон ми авет фато ниенте“.

Песната е химна против тероризмот и во текстот се наведени неколку настани од минатото, но сепак главната порака на песната е „не сте ми направиле ништо“, што воедно е насловот на песната. Инаку, Италија е една од членките основачи на ова евровизиско музичко натпреварување а токму фестивалот „Сан-ремо“ беше инспирација за организацијата на Евросонг .

Шефкије Аласани

Shpërndaj me