Неколкумина работници на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ ги кастрат дрвата во скопските населби „Чаир“ и „Бутел“, чии гранки блокирале тераси и прозорци на многу згради и улични бандери. Жителите на овие населби ја поздравија акцијата, барајќи од Паркови и Зеленило да ги вклучи сите улици.

„Добро е што ги сечат, да се гледаат светлата барем ноќе. Досега не се случило никогаш, добро е да биде чисто.“

„Ова е добро, треба да се кастрат, да се средат, добро е за природата и за здравјето, добра работа е, можеби ќе биде подобро. Правеа кастрење, но не вака, вака како што прават е првпат“, велат дел од анкетираните граѓани.

Некои граѓани пак, велат дека кастрењето и одржувањето ќе овозможи нормално растење на дрвјата и ќе ја зголемат безбедноста на граѓаните кои поминуваат во овој дел.

Директорот на Паркови и Зеленило, Ардијан Муча, вели дека акцијата ќе ги опфати сите дрвја што треба да се кастрат. Тој додава и дека ќе се средат сите зелени површини во кои ќе се садат нови дрвца.

„Како пилот-проект ја земавме улицата „Кемал Сејфула“, бидејќи таа е многу фрекфентна и дрвјата се многу стари, над 70 години и тука никогаш не било вршено кастрење, затоа почнавме од тука и ќе продолжиме во сите делови на Чаир и старо Скопје. Тие се опасни за граѓаните, особено во текот на зимата кога врне снег, паѓаат покрај патот и ако има поголем ветер, можат да паднат врз возилата, затоа мислиме дека е за доброто на граѓаните на Чаир“, рече Ардијан Муча- директор на Ј.П „Паркови и Зеленило“.

Акцијата е во соработка со ЈП „Комунална Хигиена“ и Град Скопје.

Мелихате Рустеми

Shpërndaj me