Претседателот на фудбалскиот клуб „Шкупи“, Ејуп Адеми ќе биде една година надвор од фудбалот. Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија ја донесе оваа одлука, бидејќи против претседателот на Шкупи беше инициран дисциплински процес. Причина беше инцидентот кој се случи по натпреварот со Работнички што се играше на 27 април. Адеми беше обвинет дека физички го нападнал судијата Зоранчо Темелков.

Shpërndaj me