По вчерашното тајно потпишување на анексот на договорот околу изградбата на автопататот Миладиновци – Штип, кога не беа поканети новинарите, по денешните изјави од Владата, малку е појасно што се договорила македонската страна и кинеската фирма „Синохидро“. Засега ниту една од страните нема да плати за доцнењето на проектот.

Двете страни се откажаа од пенали и од можно обештетување. Постои само временска рамка, а анексот се однесува на продолжување на временската рамка за доизградба на оваа делница.“ – изјави Миле Бошњаковски – портпарол на Влада

Договорено е до 15 февруари 2018 ниту една од страните да не плаќа казни за доценењето на проектот. До овој датум ќе треба да се отстранат сите пречки за да може да се продолжи со градење на автопатот до Штип. Рокот за завршување е септември. За седумте месеци кога треба да се доврши делницата, значи од февриари до септември, ако една од страните не се придржува до договореното ќе ги плати утврдените пенали. Се знае и дека наместо првичните 206 милиони евра, овој автопат може да чини уште 20 милиони повеќе или со 226 милиони евра. Но, освен овој автопат, со поголеми проблеми е автопатот Кичево – Охрид.

„Отпочнати се преговори со кинеската фирма „Синохидро“ за склучување на анекс на договор, бидејќи очигледно станува јасно дека 31-ви Јануари 2018-та година кога е крајниот рок, кога требаше да биде изграден овој автопат Кичево – Охрид, нема да може да биде завршен и затоа велам отпочнуваме преговори, преговори кои што се однесуваат на продолжување на рокот и колку доплнителни средства што изминатиов период ги спомнувам ќе треба“ – изјави Горан Сугаревски, министер за транспорт и врски

Извори од Владата, за Алсат М, велат дека воопшто не се знае која е сумата која ќе треба да се плати за оваа делница. Затоа, во утврдување на вкупната дополнителна сума ќе учествуваат консултантски куќи, надзорот на автопатот, експерти и универзитетски професори. Овој автопат е готов само 50 отсто и има големи пропусти, додека делницата Миладиновци – Штип е готова 75 отсто.

Верица Павлоска

Верица Павлоска

Shpërndaj me