Да се формира посебно Министерство за туризам како дел од идната влада, бараат од Хотелската асоција на Македонија. Претседателот на ХОТАМ, Крсте Блажески за Алсат М вели дека треба да се следи примерот на некои од соседните држави како што е Бугарија, каде веќе со години постои вакво министерство.

„Мислам дека малку доцниме со тоа, требаше да биде малку поодамна. Тоа можеби ќе кошта, но сигурно ќе носи поголем приход во туризмот. Сме го предлагале и сме го барале досега бидејќи е време да се направи. Созреани сме да се направи министерство за туризам, дури имавме и состаноци со Агенцијата за развој на туризамот каде истото беше предложено и истакнато од нив“, рече Крсте Блажески- претседател на ХОТАМ.

Според хотелските работници тоа ќе ја подобри комуникацијата помеѓу туристичкиот сектор и централната власт и ќе влијае врз развојот на оваа еономска гранка.

„Да тоа е добра идеја, да има едно министерство за туризам. Ќе биде многу добро бидејки на тој начин ќе се интересираат малку повеќе одколку до сега , што оваа влада не има донесено во оваа состојба“, рече Руфи Ајази- сопственик на хотел.

„Секаде во Европа, во Хрватска и Србија секаде има министерство за туризам, не агенција за туризам. Но и ние како хотелиери и градот треба да бидеме поажурни за да привлечеме повеќе туристи и да им нудиме повеќе занимации“, изјави Муса Рашид- сопственик на хотел.

Претседателот на Хотам вели дека е неопходно што побрзо формирање и на стабилна влада и разрешување на политичката ситуација во државата, особено сега за време на потпишувањето на аранжманите за престојната туристичка сезона.

Мики Трајковски

Shpërndaj me