Корисниците на Фејсбук секој ден гледаат десетици видеа, а наскоро, во облик на видео снимка ќе гледаат и реклами, исто како на Јутјуб.

Компанијата планира воведување нов начин за рекламирање кој овозможува додавање реклами од дваесетина секунди во видеата кои корисниците ги гледаат.

Извршниот директор Марк Зукерберг вели дека рекламите нема да почнуваат пред видеото што го гледате односно на почетокот.

Фејсбук на клиентите ќе им дава 55 проценти од заработката, што е истиот процент кој го нуди Јутјуб.

Тестирањето на новата опција ќе почне наскоро.

Shpërndaj me