Најчести причини за надуеноста се голтањето воздух за време на јадењето, брзото јадење и недоволното џвакање на храната.
Надуеноста во стомакот предизвикана од бактерии се случува ако има пореметување во цревната флора поради земање антибиотици, прејадување или нетолеранција на лактоза.

Издвојуваме 3 најдобри и најефикасни напитоци за полесно да се справите со овој проблем.
1.Чудотворен тоник против надуеност
Состојки:
Чаша вода
Малку мелен ѓумбир
Малку мелен ким
Малку морска сол
Пола лажичка семки од анасон

Во зовриена вода додадете ги сите состојки и варете околу 5 минути. Оставете да се олади и испијте го пијалокот млак. Надуеноста би требало да исчезне за неколку минути.
2.Благотворна камилица

Цветовите од камилица се употребуваат кај проблеми со варењето на храната и надуеноста. Пригответе свеж чај од камилица користејќи една лажичка свежи цветови и два децилитра врела вода. Чајот пијте го свеж, не го подгревајте и не го оставајте предолго поклопен бидејќи така се губат лековитите својства на камилицата.

3.Напиток од ананас и целер
Состојки:
Пола мал ананас
Пола главица анасон
Две стебленца целер со листови
Парче корен од ѓумбир 2-3цм

Сите состојки ставете ги во блендер и додадете малку вода. Миксирајте додека не се добие еднолична смеса. Пијте го напитокот на гладно додека не исчезне подуеноста.

Shpërndaj me