Екс претседателката на Врховниот суд Лидија Неделкова не беше повикана на денешната седница на Судскиот совет, иако таа писмено побара да присуствува и усно пред новинарите да каже зошто е незадоволна од вонредното оценување. Претседателот на Судскиот Зоран Караџовски пред камерите објасни дека Законот и деловникот не му дозволувале да ги исполни желбите на Лидија Неделкова.

„Отако постои овој формат за Закон за судски совет и оценување, досега никој немал поднесено ниту вакво барање ниту пак имало некаков проблем со оценувањето, ниту пак биле побарани вакви преседани, јас сметам дека Уставот не е поврден и не постои законска и деловоничка можност тоа ние да го направиме“. – изјави Зоран Караџовски, Претседател на Судски совет

Поранешната претесдателка на Врховен која е во трка за нов мандат, за Алсат М објасни дека сакала јавно да образложи зошто е незадоволна од вонредното оценување.

„Не е правилно што не сум повикана, барав само за мојот приговор седницата да биде јавна, имав право на тоа, но тие толкуваат како што сакаат. Мораше да ми дозоволат јавно да кажам што мислам. Немам друг инструмент. Приговорот ми е основан и сакав усно да се произнесам. Ќе чекам Судскиот совет писмено да ме извести дали приговорот го прифатиле“. – изјави Лидија Неделкова, поранешен Претседател на Врховен суд

Против кандидатката на Неделкова која е в.д. Претседател на Врховен, Снежана Бејлозова, не се жалела на оценката.

„Да се испочитува законската процедура и така навистина не би било во ред од моја страна да коментирам“. – изјави Снежана Бејлозова, в.д. Претседател на Врховен суд

Караџовски соопшти дека дел од приговорите Судскиот совет ги прифатил, но не прецезира кој од приговорите ќе ја смени оценката на Советот. Одби да каже дали контроверзниот екс претседател на Кривичен, Владимир Панчевски се жалел, како и неговиот против кандидат судијата Иван Џолев.
Бојан Стојановски

Shpërndaj me