Обвинителството за воени злосторства на Србија издаде наредба за проширување на истрагата против лидерот на Алијансата за иднината на Косово Рамуш Харадинај. Српската новинска агенција Танјуг известува дека Обвинителството и издаде наредба на Министерството за правда за проширување на истрагата за Харадинај. Наредбата за проширување на истрагите до крајот на оваа недела ќе биде преведена и ќе и се испрати на Франција заедно со барањето за екстрадирање на Харадинај во Србија соопштија од Министерството за правда на Србија. Наредбата за проширување на истрагите се однесува на кривичните дела кои не се опфатени во оваа истрага против Харадинај водена од 2004-та врз основа на која е пуштена потерница против него. Според Танјуг, Србија го бара Харадинај за кривичните дела кои не се опфатени во обвинението на Хашкиот трибунал од кое е ослободен како невин.

Shpërndaj me