Кристиано Роналдо кој со Реал Мадрид ја освои Лигата на Шампионите и Европското првенство со Португалија, уште еднаш го победи директниот ривал за титулата играч на годината, Лионел Меси од Барселона. Откако рече дека не верувал дека ќе дојде до овој триумф, тој 2016-та година ја нарече како најдобрата во кариерата додека на крајот ја провоцираше Барселона, која одлучи да ја бојкотира церемонијата организиран од ФИФА.

„2016-та година е најдобрата во мојата кариера. Имав многу сомнежи, но успеав на крај. Ова е неверојатно. Оваа е прва ваква награда за мене. Им благодарам на моите соиграчи и тренерот. Кога освоив се што можеше да се освои, видов дека можам да успеам. Навистина ми е жал за некои од Барселона кои не дојдоа, но треба да ги сфатиме“. – Kристиано Роналдо

Shpërndaj me