Зимскиот рекреативен центар Попова Шапка во Тетово е преплавен од туристи и покрај бројните проблеми со инфраструктурата. Освен посетители од земјава, има и доста туристи Албанија и Косово. Велат дека местото е многу убаво, но дека е запоставено.

„Многу ми се допаѓа, се’ е убаво. Планините, снегот. Иако нема многу снег, ама се трудиме да сториме нешто со инструкторите.“

„Има многу капацитети за туризам, ама има недостатоци во инфраструктурата, како топови за вештачки снег, патишта, сигнализација, информации за туристите. Потребна е поголема инвестиција бидејќи ова е многу убав предел, има многу вредности и големи туристички капацитети.“

„Многу е убаво, многу ни се допаѓа. Потребно е повеќе, ама мислам дека е добро.“

„Климатските услови не одат многу во полза и тешко е за скијање“, рекоа анкетираните туристи.

Угостителите и вработените во центарот велат дека малата снежна покривка и причина зошто странските гости не остануваат подолг период.

„Недостасува вештачки снег бидејќи како што се гледа имаме туристи од Албанија. Повеќе ни треба вештачки снег, ама нема инвестиции од државата. Се надеваме дека ќе има повеќе снег, па да почне сезоната“, изјави Хашим Хасани, управител на хотел.

„Недостасуваат инвестиции. Чекаме да падне снег и да заживее бидејќи вака сме во многу тешка состојба, нема клиенти“, оцени Агрон Мисини, приватен бизнисмен.

„Интересот на туристите е многу голем – од Косово, Албанија, за два пати е зголемена бројката на посетители, ама поради недостатокот на снег, па и на вештачки снег, очигледно е дека ќе дојдат на една недела и ќе си заминат по два-три дена бидејќи немаат што да прават“, рече Елвир Акики, инструктор по скијање.

Телевизија Алсат-М се обиде да добие изјави од двајцата директори на Попова Шапка, но тие не одоговорија н нашите повици.

Сенат Зулбехари

Shpërndaj me