Околу 430 илјади гледачи ќе го следат светското ракометно првенство во машка конкуренција кое утре почнува во Франција. Можно е бројот на продадени влезници да достигне и до 656 илјади и од тоа да се заработат 30 милиони евра. Во минатото, ракометниот мундијал успевал да привлече до 200 илјади гледачи. Првенството утре почнува во Париз додека свечениот дуел ќе го игра домаќинот Франција и актуелниот првак, Бразил. Македонија се наоѓа во групата Б, а првиот меч го игра против Тунис задутре.

Shpërndaj me