Светска банка ги намали прогнозите за раст на македонската економија. За 2016 наместо првичните 3,7 отсто, растот е ревидиран на 2 отсто, или 1,7 проценти поени помалку од јунските проекции. За годинава Светска банка предвидува економскиот раст да биде 3,3 отсто, или 0,7 процентни поени помалку од прогнозите во јуни. Дел од економистите велат дека прогнозите се очекувани и оти ваквиот економски раст не дозволува Владатада се задолжува како и досега и да расте јавниот долг.

„Тоа зборува дека ние немаме индустрија и дека немаме база и тоа значи дека оваа Влада која што владееше во Македонија 10 години не ја одржа индустријата. Никој не ја знае намерата на парите од задолжување. Тоа не е ни за репрограмирање на стар долг. Никој не кажува зошто се задолжуваме ние кога немаме, најлошите и најопасни кредити се оние кои се ненаменски кредити“, изјави Зоран Витанов, претседател на Асоцијација на менаџери.

Вчера Министерството за финанси се задолжи кај домашните кредитори со 31,7 милиони евра или речиси 16 милиони повеќе од сумата за раздолжување. За економистите е нелогично техничка Влада да врши задолжувања.

„Јас апелирам лично до министерот за финансии, да не си игра со оган, оти на крај тој ни крив ни должен, тој не придонесе да се упоропасти стопанството, ама на крај тој изгледа сака да стави катанец на стопанството. Он не смее тоа да го прави, нека се воздржи малку, нека почека да дојде некоја легитимна Влада“, додава Витанов.

За транспарентоноста на задолжувањата се препукуваа ВМРО ДПМНЕ И СДСМ. Од партијата на Зоран Заев обвинија дека граѓаните не знаат зошто Миноски ги задолжи 30 милиони евра и каде и за кого ќе одат нивните пари. ВМРО ДПМНЕ возврати дека граѓаните имаат целосна контрола во трошењето на нивните пари, а речиси половина од јавниот долг е направен во време на СДСМ. Според податоците, вкупниот јавен долг изнесува 4,76 милјиради евра или 50,6 отсто од бруто домашниот производ. Ова значи дека секој граѓанин, во времето на ВМРО – ДПМНЕ должи по 2.380 евра.

Соња Јанковска

Shpërndaj me