Народната банка на Македонија ја намали каматната стапка на благајничките записи за 0,25 отсто и сега таа изенсува 3,5 отсто. За еден месец ова е второ намалување на оваа камата, која е основа врз која се пресметуваат сите останати камати како што се каматите на кредитите и на депозитите. НБРМ реши да дозволи банките да пласираат дополнителни пари во благајнички записи. Ова се должи на тоа што банките имаат вишок на пари, кои пред се доаѓаат од зголеменото штедење на граѓаните како и од откупот на девизи од страна на НБРМ од банките. Лани девизните резерви забележале раст. Пораснало и штедењето. Инфлацијата кај домашните потрошувачки цени и натаму е негативна и е за – 0,2 отсто пониска во просек. Ова се должи пред се на пониските цени на храната и на енергијата. Базичната инфлација пак е незначително во позитива.

Shpërndaj me