Тренерот на Барселона, Луис Енрике се огради од потегот на бекот Жерард Пике кој се пожали на лошо судење на дуелот со Виљареал, а го оправда и отсуството на играчите на гала-вечерата на ФИФА во Цирих. Енрике смета дека дуелот со Билбао бил најтешкиот оваа сезона особено по поразот од 1-2 и слабиот настап во првиот натпревар. (Изјава)

„Лесно е да се пожалиш, но е тешко да се воздржиш и да го браниш фудбалот и својата екипа. Во меѓувреме, одлуката за отсуство на гала-вечерата во Цирих е праведна бидејќи спортската ситуација е над другите ситуации.“ – изјави Луис Енрике

Shpërndaj me