Денеска во Париз почнува светското првенство во ракомет кое ќе трае до 29 јануари. Шампионската титула ја брани Франција која вечерва стартуваше со Бразил. На 25-ттиот мундијал ќе учествуваат 24 селекции поделени во 4 групи, а во осминафиналето продолжуваат четири репрезентации. Освен Франција, главни кандидати за титулата се Данска, Хрватска, Германија и Шпанија, која пак во групата Б игра со Македонија, Словенија, Тунис, Исланд и Ангола. Македонската репрезентација првиот дуел го игра утре против Тунис со почеток од 17:45 минути.

Shpërndaj me