В среда во Франција почнува 25-тото светско првенство во ракомет за мажи. Ќе учествува и Македонија која своето деби го има со Тунис. Тренерот на Македонија Лино Червар вели дека е добро што противниците ја гледаат Македонија како аутсајдер во групата и оти ќе се бори за добар резултат. Македонија ќе игра во групата Б со Тунис, Шпанија, Исланд, Словенија и Ангола. Нашата селекција првиот натпревар го игра на 12 јануари против Тунис.

 

Сафет Адеми

Shpërndaj me