Владата утре од домашните кредитори планира да позајми 31, 7 милиони евра. Според календарот за аукции на државни хартии од вредност, веќе следниот ден Министерството за финансии по основ на стари долгови треба да врати 15,8 милиони евра. За утрешното задолжување реагираше опозицискиот СДСМ, од каде прашуваат зошто министерот за финансии Кирил Миноски ги задолжува граѓаните 15 милиони евра повеќе од потребното и посочија дека против Миноски и заменик министерката за правда Билајана Бришковска веќе се поднесени кривични пријави за незаконско задолжување на граѓаните.Инаку во првите шест месеци од оваа година се планирани 18 аукции на државни хартии од вредност.

Shpërndaj me