Белата куќа денеска ги искритикува Доналд Трамп и неговата екипа за преод на власта дека одбиваат да дадат  јавно достојна информација со која би ги разбиле сомненијата за потенцијалните финансиски врски на новоизбраниот претседател и неговото семејство со Русија, пренесоа британските медиуми.

-Има премногу докази дека тие можат да… ги демантираат овие обвиненија, за кои велат дека се  неосновани. Тие, меѓутоа, одбиваат тоа да го сторат, изјави портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест.

Тој подвлече дека оваа таинственост предизвикува само сомненија во јавноста.

Shpërndaj me