Во одиграните натпревари во НБА Лигата, најголемото изненадување го приреди Јута Џез кој го победи Кливленд Кавалиерс со 100-92. На шампионите не им помогнаа ниту 29-те коша на Леброн Џејмс додека кај победниците од Јута се истакна Хјуард со 28 поени. Голден Стејт беше сигурен против Мајами со 107-95. По две победи во низа следуваше пораз за Лејкерси, овој пат од Портланд. Хјустон и расположениот Џејмс Харден го поразија Шарлот со конечни 121-114.

 

Shpërndaj me